МРТ, 17.05.2010

 

Авион на американската компанија „Јунајтед Ерлајнс“ утрово принудно слета на аеродромот во Вашингтон, наместо на предвидената дестинација во Лос Анџелес.

Еден од патниците 30 минути по полетувањето почуствувал мирис на запалена пластика, по што стјуардесите започнале со давање на инструкции за случај на опасност, а биле однесени и противпожарни апарати во пилотската кабина.

Авионот слетал 20 минути подоцна, а на аеродромот бил пречекан од неколку противпожарни и амбулантни возила. Според сведоштва на патниците, бил забележан чад од пилотската кабина. Во авионот, кој летал на релација Њујорк – Лос Анџелес се наоѓале 105 патници и седум членови на екипажот.