МИА, 17.05.2010

 

Поради облакот со вулканска пепел од Исланд и воспоставувањето зона забранета за летови над Холандија и југоисточна Британија, денеска ќе бидат откажани илјада летови, соопшти Евроконтрол. Се очекува во текот на денот постепено да се намалува облакот, и до 12 часот по Гринич ќе ја зафати Северна Ирска, делови од Шкотска и југозападна Британија, се вели во соопштението. Присуството на облакот ќе се почувствува и во пошироката област над Лондон каде ќе бидат извршени 28.000 летови односно илјада помалку отколку во нормални услови.