МРТ, 17.05.2010

 

Исчезна авион со 38 патници на авиокомпанијата „Памир Ервејз“ во Авганистан, соопшти гувернерот на локалната провинција Кундуз, Мухамед Омар. „Стравуваме дека авионот на Памир најверојатно се урнал “, изјави Омар.

Авионот што летал од северниот град Кундуз до главниот град Кабул, исчезнал од радарите околу 8 часот по локално време, а се претпоставува дека во авионот имало и странски државјани.