Алфа ТВ, 17.05.2010

 

Двата главни меѓународни аеродроми во Велика Британија, затворени поради облакот од вулканска пепел од Исланд, денеска повторно се отворени за сообраќај, но со доцнење и откажување на летовите.

Европската агенција за контрола на летањето „Еуроконтрол“ соопшти дека облакот од вулканска пепел постепено се расчистува.Аеродромот Гетвик соопшти дека авионите нема да можат да слетуваат до рано попладне, но се очекува околу 100 авиони да полетаат од тој аеродром.

Службениците од аеродромот Хитроу ги предупредија патниците дека очекуваат доцнење и откажување на летовите, па бројот на слетувања ќе биде намален од 44 на 30 на час.Воздушниот простор над лондонскиот аеродром беше затворен ноќеска во 2 часот.Аеродромите во Северна Ирска, како и повеќето во Шкотска и делови на Велс се затворени за сообраќај поради облакот на вулканска пепел од Исланд.