Нетпрес, 18.05.2010

 

Компанијата “Боинг“ го претставила својот прв борбен беспилотен авион Phantom ray. Леталото било направено на принцип на стелт технологија.

Новиот фантом може да извршува јуришни, борбени ловечки задачи, да извидува и да ја блокира непријателската противвоздушна одбрана. Борбениот радиус изнесувал 2000 километри, а брзината 990 километри на час. Моторот на авионот бил сместен во трупот, од каде по потреба се вади вооружувањето. Исто така, има можност за самостојно полнење гориво во воздух.

Предвидено било во текот на годинава компанијата да направи девет пробни летови, па потоа ќе се донела одлука за судбината на леталото, објавуваат медиумите.