Алфа ТВ, 22.05.2010

 

Се уште се истражуваат причините за несреќата на паднатиот авион на “Ер Индија“ кој се урна изутрината во близина на јужно индискиот град Мангалор. Спасувачките екипи се обидуваат да ги пронајдат телата на преостанатите загинати патници.

Телата на загинатите, меѓу кои и 19 деца, се премногу изгорени што ја отежнува нивната идентификација. Осумтемина преживеани, кои успеале да скокнат пред да се запали авионот, беа хоспитализирани во бессознание и со тешки изгореници. “Авионот удри и изгуби контрола. За пет секунди имаше оган и чад насекаде. Скокнав од скршен прозорец за да се спасам““Авионот удри во нешто и одеднаш настана пожар, ние скокнавме и успеавме да избегаме во џунглата“. Меѓу загинатите е и 55-годишниот пилот Златко Глушица,британски државјанин со српско потекло. Според првичните информации пилот не пријавил никакви неправилности додека траел летот. Несреќата се случила при слетувањето кога авионот излетал од пистата и се запалил.

Не бил испратен никаков сигнал за несреќа пред самата катастрофа, а и покрај дождот, видливоста била доволно добра. Пронајдена е едната црна кутија која треба допрва да се преслушува од страна на експерти, а во истрагата ќе учествуваат и експерти од американската компанија Боинг.Во „Боингот 737“ патувале 160 патници и шест членови на екипажот.

Пилотот и копилотот биле со многугодишно искуство, а авионот бил нов и немал технички проблеми. Сепак, летањето во Мангалор се смета за тешко, бидејќи аеродромот е поставен врз рид, а во непосредна близина на пистата има длабоки клисури.