МИА, 24.05.2010

 

За несреќата на индискиот патничкиа авион во кој загинаа 158 луѓе можеби е виновен човековиот фактор, изјави индискиот министер за цивилна авијација Прафул Пател.

Тој за телевизијата Си-Ен-Ен/Ај-Би-ЕН изјави дека временските и другите услови во саботата изгледале апсолутно нормални за регуларното спуштање и безбедно приземјување. Министерот рече дека видливоста била добра и оти во близина на местото на несреќата немало дожд, ниту облаци. – Не може да се отфрли човековиот фактор, рече индискиот министер и нагласи дека само истрагата може да утврди што се случило.

Во остатоците на авионот кој се урна при слетување на аеродромот кој се наоѓа во јужниот индиски град Мангалор пронајдена е „црната кутија“ која би можела да помогне во истрагата. „Црната кутија“ ќе биде испратена во Њу Делхи поради декодирање и детална истрага.