Десет лица повредени поради турбуленции во авион на лет од Лондон до Лос Анџелес
МИА, 26.05.2010
Лос Анџелес, 26 мај 2010 (МИА) – Десет лица се повредени, од кои некои се здобиле со скршеници, за време на силните турбуленции кои го зафатија авионот на летот од Лондон за Лос Анџелес, поради што тој бил пренасочено кон канадскиот град Монтреал.
Официјалниот претставник на „Јунајтед Ерлајнс“ Сара Месијер изјави дека вчера на летот 935 биле пријавени големи турбуленции над Атлантскиот Океан и дека авионот слетал во Монтреал. Од авиокомпанијата соопштија дека поради повреди лекарска помош побарале девет патници и еден од членовите на екипажот, додавајќи дека ниту една од повредите не била опасна по животот. Авионот „боинг 777“ на аеродромот во Монтреал бил проверен поради евентуални оштетувања, а патниците биле пренесени во Лос Анџелес со друг авион кој по нив пристигнал од Чикаго. аа/ац/12:16
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк