Нетпрес, 26.05.2010

 

Приватен авион паднал на покрив на деловна зграда во североисточниот дел на Торонто, Канада. Во несреќата има двајца загинати, информирала канадската полиција, објавуваат медиумите. Несреќата се случила во вторник во близина на еден приватен аеродром во Маркам, северен дел на Торонто. Според првичните информации на леталото со четири седишта му откажал моторот, што била главна причина за падот, пренесува “Индекс хр“.