МИА, 02.06.2010

 

Ерусалим, 1 јуни 2010 (МИА) – Израелски воени авиони денеска беа цел на напад, извршен од против-воздушната одбрана на Либан, еден ден откако израелските сили го спречија хуманитарниот конвој, составен од шест бродови, да влезе во Појасот Газа, при што загинаа девет пропалестински активисти.

Во инцидентот, кој се случил во јужен Либан, нема жртви. Израелските воени авиони извршувале разузнавачки летови над јужен Либан. Израелската воена авијација често пати извршува разузнавачки летови над јужен Либан, и покрај протестите на Бејрут.

Состојбата во пограничниот регион меѓу двете земји е мирна, откако со спогодбата за прекин на огнот, постигната со посредство на Обединетите нации, беше ставен крај на вооружениот конфликт во летото 2006 година меѓу Израел и радикалната либанска групација Хезболах. ац/21:26