МРТ, 03.06.2010

 

Српски воен авион се урна денеска во централна Србија, при што пилотот преживеал откако се катапултирал од леталото. Како што јави српската агенција Бета, станува збор за авион од типот „орел“, што полетал од базата во Лаѓевци во близина на Кралево. Леталото паднало во Гружанското езеро, а пилотот се здобил со повреди, но е вон животна опасност.