МИА, 04.06.2010

 

Атина, 4 јуни 2010 (МИА) – Осум турски воени авиони вчера го нарушиле грчкиот воздушен простор, јави електронското издание на атинскиот весник „Етнос“. Нарушувањата се случиле во северниот и централниот дел на Егејското море. Четири од авионите биле вооружени. Авионите биле пресретнати од грчката воена авијација. јт/8:53