MAT Ервејс: Во завршна фаза добивањето дозвола за летање, почеток со работа за неколку дена
МИА, 05.06.2010
Скопје, 5 јуни 2010 (МИА) – Новата македонска чартер авиокомпанија формирана со српски капитал „Мат Ервејс“ денеска соопшти оти е во завршна фаза обезбедувањето документација за добивање дозвола за летање од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Македонија и оти ќе почне да сообраќа за неколку дена.
Основачите на компанијата, најголемата српска туристичка агенција Кон Тики Травел и компанијата Метрополитен Инвестмент Груп, во соопштението истакнуваат дека АЦВ темелно, професионално и квалитетно ја врши својата работа и се надеваат наскоро да добијат дозвола за летање со која ќе почнат со работа за неколку дена. Од авиокомпанијата, која располага со сопствен авион од типот Боинг 737 – 500, информираат дека веќе организирале неколку летови за Охрид.
Според основачите на новата авиокомпанија, поранешната авиокомпанија МАТ, која е во стечај, нема никаква врска со МАТ Ервејс, ниту пак сопственикот на МАТ Златко Петровски има удел во сопственичката и управувачката структура на новоформираната компанија.
МАТ Ервејс размислува да го промени името за да нема поврзаност со поранешен МАТ, што, како што стои во соопштението, може да се одрази на работењето. – Името и логото на поранешната авиокомпанија ги сочувавме бидејќи сметаме дека е од национален интерес на Македонија и нејзините граѓани новата авиокомпанија да носи име кое е обележје на државата, но без оглед каква одлука ќе донесеме македонското знаме ќе биде симбол на чартер компанијата, се вели во соопштението.лв/14:42
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк