Алфа ТВ, 09.06.2010

 

Романец тајно се вовлекол во просторот на тркалата на авион паркиран на виенскиот аеродром и преживеал лет до Лондон, соопшти денеска австриската полиција.Како што изјави Лео Лаубер, шеф на аеродромската полиција во Виена, 20. годишниот Романец се провлекол под жичаната ограда со која е заграден аеродромот и се сокрил во просторот кај тркалата на авионот што се наоѓал во близина.

Авионот е во сопственост на угледен шеик од Обединетите арапски емирати, кој полетал од Австрија во саботата вечер.По слетувањето во Лондон, Романецот буквално испаднал низ отворот на леталото, по што го уапсила британската полиција.