МИА, 09.06.2010

 

Атина, 9 јуни (МИА) – Два ловци на турското Воено воздухопловство од типот Ф-4 надлетаа над грчка фрегата на „опасна височина“, со што ги нарушија меѓународните норми и ја загрозија безбедноста, соопшти синоќа Генералштабот на националната одбрана на Грција.

Во соопштението се нагласува дека туските ловци ја надлетале грчката фрега на височина од 150 метри, во момент кога бродот се наоѓал на 14 наутички милји јужно од егејскиот остров Хиос.

Според грчкиот Генералштаб, во исто време, седум турски ловци навлегле во воздушната зона околу Атина, непридржувајќи се кон најавените планови за летање, при што биле пресретнати од авиони на грчкото Воено воздухопловство. сп/8:09