Вработени во М-НАВ обвинуваат за неправедно кратење на платите
Алфа ТВ, 16.06.2010
Намалувањето на платите на техничкиот персонал во Македонска навигација не донесе заштеда, туку произведе социјални случаи, велат дел од вработените.
Тие го обвинуваат раководството дека ги намалило само најмалите плати – оние на возачите и хигиеничарките, за да отвори простор за вработувања по партиска линија. Сега, тие се на работ да станат социјални случаи. Платите на возачите, хигиеничарките и техничарите, на почетокот на годинава по препорака на Владата беа намалени за 20 до 50 отсто.
И покрај тоа што М-НАВ е акционерско друштво во државна сопственост, фирмата не е буџетска, туку користи пари од европската контрола на летање Еуроконтрол. Меѓу погодените со кастрењето на платите е и претседателот на Синдикатот во фирмата, Ристо Соколовски. Вкупната сума за лични доходи во М-НАВ, и покрај кратењето на платите, е само незначително намалена.
Првиот човек на фирмата, Живко Поповски, негира дека имало нови вработувања од почетокот на годинава. Тој вели дека причина за намалувањето на платите не било штедењето, но не објаснува која е вистинската причина.
Честите информации за вработувања со партиски и роднински врски во Македонска навигација ги загрижија и претставниците на Европските институции во земјава. Директорите на М-НАВ пред два месеца избегнаа средба со евроамбасадорот Ерван Фуере, кој јавно повика за немешање на политиката во осетливиот воздухопловен сектор. Жарко Настоски
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк