МИА, 18.06.2010

 

Охрид, 17 јуни 2010 (МИА) – Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија денеска во Охрид ги престави трите авиони за успешно гаснење на шумските пожари. Целата операција трае половина минута, а само за исцрпување на вода потребни се од 11 до 15 секунди. Максималното количество на вода кое еден авион може да го транспортира е 3.100 литри. – Новонабавените авиони треба да помогнат полесно да се справиме со евентуалните пожари во текот на летната сезона, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу. Пилотите, кои претходно управувале со борбените авиони „Сухиои“, поминаа неколкудневна обука во Италија и Шпанија. мт/лѓ/14:58