МИА, 18.06.2010

 

Чикаго, 18 јуни 2010 (МИА) – Властите во американската држава Арканзас почнаа со истрага за случајот со пратката од 40 до 60 човечки глави, јавија американските медиуми. Главите во минатата недела биле ставени во три одделни контејнера. Пратката била откриена во Литл Рок од службеници на авиокомпанијата Саутвест ерлајнс кои забележале дека товарот не бил означен како што треба. Се установило дека главите биле подготвени за превоз во објект на компанијата за медицински технологии Медтроник во Форт Ворт во Тексас. Биле наменети за обука на неврохирурзи. Медтроник соопшти дека не е невообичаено човечки глави за научни цели да се транспортираат со трговски летови. Според полицијата, ќе се врши истрага за да се докаже дека не станува збор за шверц со човечки органи. зш/7:29