Македонија и Полска потпишаа Спогодба за соработка во одбраната
МИА, 23.06.2010
Скопје, 21 јуни 2010 (МИА) – Македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски и амбасадорот на Полска во Македонија Карол Бакура денеска потпишаа Спогодба за соработка во областа на одбраната меѓу владите на двете земји.
Спогодбата за соработка во областа на одбраната ги содржи општите принципи за одбранбената соработка меѓу Република Македонија и Република Полска, заснована на принципите на еднаквост, партнерство и меѓусебна корист.
Со Спогодбата, како што појасни Коњановски, се предвидува продлабочување на соработката преку директни средби на министрите за одбрана, началниците на генералштабовите, командите на копнените сили, воздухопловството, како и размена на искуства на експертско ниво, политичко-воени консултации, организирање на семинари, учество на набљудувачи на воени вежби, учество во мировни и хуманитарни операции итн.- Соработката меѓу Македонија и Полска е воспоставена уште во 1996 година, но сметавме дека е добро да имаме една возобновена спогодба за соработка во однос на одбраната потпишана под уставното име на Република Македонија, рече македонскиот министер, додавајќи дека со денешната Спогодба се потврдуваат македонските заложби за партнерство со Полска.
Амбасадорот Бакура потенцира дека со потпишувањето на Спогодбата ќе се овозможи нејзино исполнување преку дела, а не само преку зборови.
– Ние соработуваме и учествуваме заедно во мисијата во Авганистан и во некои други мисии и верувам дека со оваа соработка ќе се продлабочи помеѓу двете држави во полето на одбраната и во сите сектори, рече полскиот амбасадор. Министерот Коњановски потсети дека Полска е земја која има повеќе од 2.500 свои припадници на армијата ангажирани во Авганистан и оти Македонија со повеќе од 250 припадници на АРМ ангажирани во оваа мисија е земја која силно партиципира во зачувување на глобалната безбедност. – Имаме доволно научени лекции кои можат да бидат во функција на уште поголема подготвеност и обука на припадниците на вооружените сили на двете земји, додаде тој. дма/са/13:38
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк