Алфа ТВ, 29.06.2010

 

Генерален штрајк на двата главни синдиката во Грција денеска ја парализира земјата. Тоа е петти голем протест во Грција.Повеќе од 12.000 вработени во државниот и приватниот сектор протестираа во центарот на Атина поради владините реформи на пензискиот систем со кој се зголемува возраста за пензионирање.Тензиите се зголемија откако стотици демонстранти се обидоа да ги спречат туристите и локалните жители да се качат на фериботите за егејските острови. Грчкиот суд го прогласи за незаконско учеството на морнарите во протестите.Во протестите учествиваат и возачите на автобуси, на трамваите, и машиновозачите на метората и возовите. Аеродромите во Грција се отворени за меѓународни летови, но приближно сто внатрешни летови се откажани.На протетите се приклучија и новинарите поради што телевизиите и радијата денеска немаат програма, а утре нема да излезат весници.Конфедерацијата на трговците го поддршаа штрајкот, но продавниците во Атина се отворени.Адвокатите најавија дека го продолжуваат штрајкот до седми јули.Грчкиот Парламент треба да почне расправа за реформа на пензискиот систем, која се очекува да трае повеќе недели.