Нетпрес, 06.07.2010

 

Воен авион “Антонов ан-2“ се сруши вчера околу 17.40 часот набргу по полетувањето од аеродромот во Тузла во југоисточна Романија. Во авионската несреќа загинаа 12 луѓе, а двајца се повредени јавува романската новинска агенција Аѓарпрес.

Авионот што и’ припаѓал на Школата за воздухполовство за кадети во Бобок во моментот кога се срушил бил во мисија на обука на војници на скокови со падобран, припадници на морнаричките сили. Романскиот министер за одбрана Габриел Опреа именува комисија за утврдување на причините за падот на авионот.