Алфа ТВ, 11.07.2010

 

Бразилските власти соопштија дека авионот на „Ер Франс“ принудно слетал откако било дојавено дека во него се наоѓа бомба.

Претставник на аеродромот во Ресифе соопшти дека сите патници се евакуирани и безбедни. Авионот полета од Рио де Жанеиро за Париз, а по заканата со бомба, доцна синоќа, принудно слета во Ресифе, град во североисточниот дел на Бразил.

Властите го прегледуваат авионот во потрага по бомбата.Авионот беше на истиот правец како и авионот, исто на „Ер Франс’ кој се урна минатиот јуни, кога загинаа сите 228 луѓе во него. Причината за таа несреќа не е конечно утврдена, а бразилските власти во неколку наврати ја отфрлија можноста дека е намерно урнат.