МИА , 11.07.2010

 

Лондон, 9 јули 2010 (МИА) – На лондонскиот аеродром Хитроу избувна пожар, по што огнот брзо опфати едно од магацините кои се во сопственост на компанијата „Сервисер“. Од местото на инцидентот беа евакуирани 200 лица, главно работници од магацинот. Чадот од пламенот можеше да се види на растојание од 10 километри. Во гаснењето на огнот учествуваа 20 противпожарни екипи. Огнената стихија не влијаеше на полетувањето и слетувањето на авионите. гс/21:33