МИА, 12.07.2010

 

Лондон, 12 јули 2010 (МИА) – Тројца британски муслимани добија по најмалку 20 години затвор за учество во заговор со цел соборување авиони кои од Лондон пред четири години превезувале патници кон САД и Канада.

Осудените се 25-годишниот Ибрахим Савант, 29-годишниот Арафат Вахед Хан и 26-годишниот Вахед Заман. Тие планирале да убијат потенцијално голем број мажи, жени и деца, изјави судијата на процесот.

Тројцата беа осудени минатата седмица за учество во група, уапсена во август 2006 година, која планирана да собори авиони кои летале за САД и Канада, со течен експлозив, скриен во шишиња. Пресудите беа произнесени по три судски процеси, кои траеа четири години.