Нетпрес, 14.07.2010

 

Авион принудно слетал на нива во близина на Солун, објави електронското издание на грчкиот весник “Елевтеротипија“.

Авионот, сопственост на авиоклуб од Солун, патролирал во реонот поради евентуални пожари, а се приземјил принудно поради технички проблеми во близина на затворот на Касандра.

Леталото слетало успеашно и двајцата патници минале неповредени. На местото веднаш пристигнала противпожарна екипа.