Алфа ТВ, 15.07.2010

 

Кинески патнички авион принудно слета поради закана од бомба, но се утврди дека тревогата била лажна, известија денеска кинеските државни медиуми.Авионот кој полета од Урумчија, главен град на западната провинција Синџјанг, за Гуангџу на јужниот дел од земјата, слета доцна синоќа во градот Ланџу после анонимната телефонска порака дека во леталото е подметната бомба.

Од авионот евакуирани се сите 111 патници и членови на екипажот, леталото е пребарано, но не е пронајдена никаква експлозина направа. Истрагата е во тек.Синџјанг со децении е упориште на етиничка напнатност која повремено ескалира во немири.