Авионот „Дримлајнер“ на компанијата „Боинг“ слета во Велика Британија за Саем во Фарнборо
МИА , 19.07.2010
Лондон, 18 јули 2010 (МИА) – Најновиот авион на американската компанија „Боинг“, „Дримлајнер”, слета на аеродромот кај Фарнборо во Велика Британија, каде што првпат ќе биде прикажан на Меѓународен саем на авијацијата. Авионот „Боинг 787“ е прикажан како гордост на компанијата затоа што е различен од досегашните конвенционални патнички авиони бидејќи во него се вградени главно лесно составни материјали.
Претставник на компанијата изјави дека ова е прв пат „Боинг“ да изложува нов авион на еден ваков саем по раните деведесетти години на 20 век. Појавувањето и комерцијалната примена на новиот авион доцни повеќе од две години поради низа пречки и проблеми со кои се соочуваше целиот проект, па иако на времето најавуван како револуционерен модел поради задоцнувањето беше достигнат во некои делови од конкурентските фирми. Европскиот „Ербас“ има внесено многу „револуционерни“ новини во својот модел „А-350“, а производителите од Русија и Кина најавуваат дека и нивните нови проекти ќе бидат различни од досегашните патнички авиони што тие ги произведуваат.
Првите авиони од најновата серија на „Боинг“ се очекува да бидат испорачани пред крајот на оваа година, за јапонската авионска компанија „Нипон“, иако е можно комерцијализацијата на „Боингот 787“ да се префрли за следната 2011 година. Авионот сега има дневни летови во САД. Ова е авион што треба да биде на пазарот во следните 50 години, објасни претставникот на компанијата „Боинг“. ти/рп/15:18
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк