Патници на „Скај вингс“ заглавени во Виена
Утрински весник, 20.07.2010
Авион на компанијата „Скај вингс“ повторно имаше проблем и завчера не полета од Виена за Скопје, со 118 патници. Тие дури денеска, откако речиси три дена заглавиле на виенскиот аеродром, ќе пристигнат во Скопје. Авионот што сообраќал на редовна линија Виена – Скопје требало да полета завчера вечер, во 23 часот, но поради дефект на леталото, тоа не се случило. За оваа домашна авиокомпанија било нормално што се случувале вакви дефекти.
„Точно е, имавме технички проблем со авионот, дефектот е во батеријата на акумулаторот. Поголемиот дел од патниците се сместени во хотел на аеродромот, на сметка на компанијата, а оние што живеат во Виена се вратија дома.Авионот со сите патници ќе полета денеска. Имавме и пред извесно време проблем поради вратата на каргото, се доцнеше со полетување неколку часа.
Вакви работи се случуваат, и тоа е нормално, но нас безбедноста ни е на прво место. Кога доцнат нашите авиони веднаш се крева врева, а кога доцнат странските авиокомпании никому ништо. Еве завчера ’Свис ерлајнс“ место во Скопје, слета во Приштина и никој не реагираше“, изјавија вчера од „Скај вингс“. Инаку, патниците кои заглавиле овој пат на виенскиот аеродром реагираат што завчера вечерта немало кој да им помогне и да ги организира, па дури по чекање подолго од четири часа, биле сместени во хотел, а оние што имале престој во Виена биле испратени дома. (С.М.) #
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк