Совети за аеродромите летаат со 500 евра на час
Дневник, 20.07.2010
Министерството за транспорт и врски ангажира фирма од Холандија за чија правна помош за договорот за концесија на аеродромите ќе и’ плаќа по 500 евра од час По 500 евра од час за правни совети и мислења за договорот за концесија на македонските аеродроми добиваат консултанти од холандска компанија што ја ангажира Министерството за транспорт и врски. Ресорното министерство на јавен оглас ја избра фирмата „Интервистас консалтинг груп“ од Холандија, која за 120 до 150 работни часа советување ќе добие околу 74.000 евра. Грубо пресметано, за осум работни часа дневно, еден консултант ќе добива по 4.000 евра.
Договорот со холандската компанија, Министерството го склучи на 23 март годинава, а треба да заврши за шест месеци, односно до 23 септември. Според јавниот оглас, за тој период консултантите треба да даваат совети, мислења и анализи за учество во преговори и укажување на последиците од договорот за концесија на аеродромите склучен со турската компанија ТАВ. Но, останува нејасно зошто се бараат правни совети за последиците од договорот и за условите за неговото склучување откако тој е потпишан и веќе се спроведува. Од јавниот оглас е тешко да се заклучи што конкретно ќе работат консултантите. Во описот на предметот на договорот за јавна набавка е посочено:„Набавка на правни услуги и тоа совети, мислења, анализи (предлог-текстови, укажување на последиците и учество во преговори) потребни за договарање на главните услови и одредби на Договорот за согласност и преземање, според Договорот за концесија на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид и на нов карго-аеродром во Штип“, пишува во условите на јавната набавка.Таму е прецизирано дека бараните услуги не се однесуваат на правна помош, односно на адвокатски услуги.
Од Министерството за транспорт и врски не добивме прецизен одговор што конкретно ќе биде задачата на ангажираната компанија. Иако инсистиравме на детали за набавката, од ресорното министерство не објаснија зошто токму сега, кога ТАВ веќе работи на аеродромите, а договорот за концесија и за преземање веќе се потпишани, им се потребни вакви услуги. Единствено добивме писмен одговор во кој е посочено:„Правните услуги се однесуваат на Договорот за согласност и преземање кој произлегува од Договорот за концесија на аеродромскиот систем на Македонија за негова модернизација и развој. Со предметниот договор се ангажирани две лица за давање правни услуги“.Оттаму уште дообјаснуваат дека холандската компанија „Интервистас консалтинг груп“ дала најдобра понуда на меѓународниот оглас. Според податоците објавени на интернет-страницата за јавни набавки, оваа компанија всушност била и единствен понудувач, при што понудила цена од 33.715 денари по час советување по човек.
На интернет-страницата на холандската компанија е објавено дека склучиле договор со македонската влада за услуги за постојните аеродроми.- Бевме избрани од македонското Министерство за транспорт за да развиваме, препорачуваме и имплементираме модел на јавно-приватно партнерство за развој на аеродромите во Скопје и Охрид за период од шест месеци – пишува на страницата на „Интервистас консалтинг груп“.Холандската компанија не е единствената што ќе му дава совети на Министерството во врска со концесискиот договор со ТАВ. Транспорт во февруари годинава по вторпат распиша јавен оглас преку кој бараше консултант кој ќе врши надзор врз спроведувањето на концесискиот договор.
Според огласот, избраната компанија треба да дава консултантски, архитектонски и инженерски услуги, како и да прави технички испитувања и анализа на аеродромите во Скопје и во Охрид, но и на просторот каде што по десетина години треба да се гради карго-аеродромот во Штип. Таа консултантска компанија ќе биде ангажирана за период од две години. (Не)транспарентен транспорт Транспарентноста, која не ја покажува на дело, Министерството за транспорт ќе ја промовира преку скапа медиумска кампања. Ресорот неодамна ја ангажира агенцијата „Република“ за изработка на медиумска кампања тешка над 100.000 евра, преку која ќе ги уверува граѓаните дека работи транспарентно, законски и без корупција. Сево ова се прави во период кога генералната оценка на јавноста е дека ова Министерство е затворено за комуникација со медиумите, со што информациите не стасуваат и до граѓаните. Даница ТунтевскаАлександра Филиповска #
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк