МИА, 20.07.2010

 

Загреб, 16 јули 2010 (МИА) – Авион „Цесна“ на приватна српска авиокомпанија „Принц авиејшн“ се запали синоќа при приземјувањето на аеродромот во хрватскиот остров Брач, пренесоа агенциите.

При слетувањето двомоторниот авион на српскиот авиопревозник излета од пистата, се удри во оградата од аеродромот и се запали. Тројцата членови на екипажот и двајцата патници не се повредени.

Пожарот набрзо е изгаснат. Во Брач пристигна екипа експерти на српските воздухопловни власти, кои ќе ги испитуваат причините за инцидентот. Авионот полетал од меѓународниот аеродром во албанскиот главен град Тирана, соопштуваат хрватските медиуми.сд/7:18