МРТ, 21.07.2010

 

Контролорите на летање, на јужниот сосед на Република Македонија, на 25 јули ќе организираат штрајк кој ќе предизвика големи проблеми во тамошниот воздушен простор. Контролорите ќе протестрираат против планот на Владата за реформи во секторот.

Генералниот секретар на Синдикатот на контролорите на летање Јанис Курмулакис изјави дека нивните барања се отворање на повеќе работни места и плаќање на прекувремената работа. Штрајкот ќе почне во сабота на 24 јули и ќе трае еден ден.