Алфа ТВ, 27.07.2010

 

Пилотот и ко-пилотот на карго авионот на Луфтханза, што во вторник се урна во Саудиска Арабија, се повредени и веднаш се пренесени во болница, јавува Асошиејтед Прес, повикувајќи се на изјава на претставник на аеродромот.

Според очевидци на инцидентот, карго авион на германската компанија Луфтханза се запалил при слетувањето на аеродромот во Ријад, при што се поделил на два дела.Од централата на авиокомпанијата за АП информираат дека авионот не се урнал, туку дека се случил инцидент, без да дадат подетални информации.

Арапската телевизија, Ал-Арабија емитувала снимка од аеродромот, на која се гледа опожарениот авион, над кој се издигнува црн чад.