Авионски трикови на Скопје и на Атина
Утрински весник, 29.07.2010
Атина и Скопје си играат игра на нерви околу пристигнувањето на премиерот Никола Груевски во Атина за конференцијата на „Економист“. Една недела пред започнувањето на конференцијата, се’ уште е неизвесно дали премиерот ќе добие дозвола за слетување на аеродромот во Атина со националниот авион.
Па, така, Груевски се’ уште не се изјаснува дали ќе присуствува на конференцијата, а од грчкото МНР му возвраќаат, па не одговараат дали ќе му дадат дозвола да слета. Кој ќе попушти прв?Грчките медиуми веќе шпекулираат дека Груевски знае оти шансите да добие таква дозвола од Атина се мали, па чека до последен момент да направи спектакл, по негативната реакција од грчка страна.
Скопје повторно ги користи познатите „авионски трикови“ за слетување во Грција, коментира грчкиот весник „Етнос“. „Премиерот Груевски сака да дојде со државен авион што ќе ги има името и националните симболи на ’Република Македонија’, но е свесен дека нема да му биде дозволено тоа, така што Груевски најверојатно чека до последниот момент на одржување на семинарот ’драматично‘ да најави дека не му бил дозволен влез во Грција“, пишува весникот.
Грчкото МНР потврдува дека го добиле барањето од македонска страна, доставено од нашата Канцеларија за врски во Атина во петокот. Оттаму велат дека ќе одговорат на барањето „во соодветен момент“. Од друга страна, кај организаторите на конференцијата е потврдено присуството на премиерот на дебатната сесија на 29 април. (М.П.) #
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк