МИА , 29.07.2010

 

Исламабад, 28 јули 2010 (МИА) – Сите 152 лица кои биле во авионот што се урна денеска крај Исламабад се загинати, изјави министерот за внатрешни работи на Пакистан Рехман Малик.

Во авионската несреќа во која се урна Ербас 321 двајца од жртвите се Американци, изјави портпарол на Амбасадата на САД во Исламабад. Авионот, со 146 патници и шестмина членови на екипажот, во 4,43 часот по локално време го загубил контактот со контролорите на летање на меѓународниот аеродром во Исламабад.

Ербасот А321 на приватната авиокомпанија Ер Блу, летал од Карачи за пакистанскиот главен град. зш/13:40