„Боинг“ оствари помал профит
МИА, 30.07.2010
Чикаго, 29 јули 2010 (МИА) – Чистата добивка на американскиот производител на авиони „Боинг“ се намали во второто тромесечие годинава на 787 милиони долари или 1,06 долари по акција, од 998 милиони или 1,41 долар по акција, колку што изнесуваше во истиот период лани. И покрај тоа што деловните резултати на вториот по големина светски производител на авиони, по европскиот концерн „Ербас“, се послаби, остварената добивка во овој период е поголема од очекуваната, која аналитичарите ја прогнозираа на 1,01 долар по акција. Прометот на американската компанија од почетокот на април до крајот на јуни се намалил девет отсто, на 15,6 милијарди долари. Поради тоа прометот од продажбата на комерцијални авиони е намален 12 процента, на 7,4 милијарди долари, приходите од испораките на воени авиони се намалени осум отсто на осум милијарди долари, додека прометот на одделението „Боинг кепитал“ се намали за три проценти на 162 милиони долари. гс/10:31 ###
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк