Нетпрес, 30.07.2010

 

Македонскиот воздушен простор во јуни го прелетале 13.386 воздухоплови што е апсолутен рекорд за овој период од годината, според податоци од Еуроконтрол, а ги објави Агенцијата за цивилновоздухопловство.

Зголемувањето на прелетите е поголемо и од европскиот просек кој за јуни изнесува 5,1 отсто. “И покрај огромната криза предизвикана од облакот со вулканска прашина и комплетното приземјување на воздушниот сообраќај во период од една седмица во април, значителните редуцирања на летовите во Европа предизвикани од кризата кои траеја се до 20 мај, и последиците од честите штрајкови на контролата на летање во соседна Грција, регистрирано е зголемување на бројот на наплатни единици од прелетите за 6,2% во однос на истиот период минатата година, соопштуваат од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Со имплементацијата на новиот систем, која се предвидува да почне по 2012 година, се планира македонската контрола на летање уште повеќе го подобри квалитетот на услуги.