А1, 31.08.2010

 

Проба за терористички напад или случај на параноја кај американската полиција – по предупредување од FBI, нивните холандски колеги на аеродромот во Амстердам уапсија двајца мажи.На аеродромот во Чикаго биле пропуштени, а во Амстердам уапсени бидејќи во багажот имале телефон поврзан со шишенце со лек против мачнина, залепени часовници и нож, но без траги од експлозив. Полицијата ги сомничи Ахмед Мохамед Насер Ал Суфи и Незам Ал Муриси дека изведувале проба пред вистинскиот напад. Нивните роднини и пријатели тврдат дека не биле способни за такво зло.„Не е тој. Ахмед е супер човек. Чесен е. Не верувам дека би направил нешто толку лошо. Тој не ни зборува англиски, ниту пак знае да пишува мејлови на компјутер“, изјави братучедот на Ал Суфи.Полицијата почна да се сомнева откако Ал Суфи, со потекло од Јемен, прво го пријавил багажот на лет за Вашингтон, па за Дубаи и конечно до Јемен, а се качил на лет за Амстердам. Кај него била пронајдена и сума од 7 илјади долари. Властите во САД потврдија дека предметите навистина не биле опасни и биле дозволени ако багажот е пријавен, па се поставува прашањето зошто им ја префрлиле топката на холандските колеги.САД забранија транспорт на течност во поголеми количини откако британските власти открија дека терористи планирале напади со течен експлозив.