Дванаесет лица загинаа во авионска несреќа во Русија
МИА, 03.08.2010
Москва, 3 август 2010 (МИА) – Дванаесет лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во авионска несреќа во рускиот регион Краснојарск, откако и единствениот преживеан патник почина во болница, како последица на здобиените повреди.
Во болница остануваат тројцата членови на екипажот – главниот пилот, копилотот и авионскиот механичар. Патничкиот авион Ан-25 со 15 патници и членови на екипажот, се урна синоќа при слетувањето на аеродромот во градот Игарка во Краснојарск. Авионот на компанијата „Катекавија“ сообраќал на релација Краснојарск – Игарка. Во моментот на слетувањето авионот се навалил надесно и се урнал на 700 метри од пистата во Игарка, по што експлодирал.
Руската Федерација за воздухопловство соопшти дека за време на инцидентот врнело дожд, но оти метеоролошките услови не биле ризични за да се изведе слетувањето. ац/7:41
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк