МИА, 03.08.2010

 

Москва, 2 август 2010 (МИА) – Руски патнички авион од типот Ан-25 со 15 патници и членови на екипажот, се урна вечерва при слетувањето на аеродромот во градот Игарка во рускиот регион Краснојарск. Како што соопшти руското Министерство за вонредни состојби, можно е некои од 10-мината патници и петте членови на екипажот на авионот да ја преживеале несреќата. Причините за уривањето на авионот засега не се познати. сп/20:52