Пронајдена црната кутија од пакистанскиот авион кој се урна близу Исламабад
МИА, 03.08.2010
Исламабад, 31 јули 2010 (МИА) – Црната кутија од пакистанскиот авион кој се урна во средата во близина на Исламабад, е пронајдена и таа може да даде значајни информации за причините за несреќата во која загинаа 146 патници и шест членови на екипажот. Црната кутија е во добра состојба, но на нејзините податоци може да се чека повеќе недели бидејќи Пакистан поради недостиг од експерти и технологија во таа област, ќе ја испрати во друга земја на декодирање. Претставник на пакистанската Влада изјави дека црната кутија е пронајдена во опашката на авионот и е предадена на авијацијата. Иако засега не се познати причините за урнувањето на авионот „Ербас 321“, се претпоставува дека меѓу причините за несреќата се густата магла и обилниот дожд кој со денови врне во тој дел на Пакистан. Авионот се урна на ридот Маргала на два километри од центарот на Исламабад. Авионот во сопственост на приватната пакистанска авиокомпанија „Ерблу“, леташе од Карачи за Исламабад. рп/15:24
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк