МИА, 03.08.2010

 

Енкориџ, 2 август 2010 (МИА) – Три лица загинаа во урнувањето на транспортниот авион кој удри во планината Хили во американската држава Алјаска, се запали и предизвика шумски пожар во националниот парк Денали, соопштија денеска официјални претставници. Авионот од типот „Ферчајлд“ Ц-123 е регистриран на компанијата „Ол вест фрејт инкорпорејтид“ од Делта Џанкшон на Алјаска. Засега не се познати причините за урнувањето на авионот. рп/12:37