Дневник, 04.08.2010

 

„Кроација ерлајнс“ во првите шест месеци од годинава загуби 131,6 милион куни (18,8 милиони евра), додека истиот период лани го заврши со загуба од 34,4 милиони куни, соопштија од компанијата.

При пресметувањето на резултатите од минатата година е користен метод кој е базиран на приходот од продадени билети, а за 2010 година пресметката се темели на дневните приходи од искористените карти за одржаните летови.Во споредба со 2009 година, во првите шест месеци од годинава добивката по единица лет била повисока за 8,5 отсто.Намалувањето на бројот на патници директно е под влијание на априлските рестрикции на европскиот и на хрватскиот воздушен простор поради ширењето на вулканската прашина, што предизвика штета од 20 милиони куни и 19.500 помалку патници.

Загубата се должи и на зголемување на цената на керозинот, за што се потрошени 20,5 милиони куни повеќе за разлика од лани, иако се купени 3.600 тони помалку гориво, стои во соопштението на компанијата.Од „Кроација ерлајнс“ сметаат дека минатогодишната загуба од 198 милиони куни (28,2 милиони евра) годинава ќе биде преполовена поради резервациите за карти за третиот квартал.Втората половина од годината, особено третиот квартал, е туристичката сезона и се заработуваат многу поголеми приходи, се вели во соопштението. #