Во Сибир се урна авион на руското воено воздухопловство
МИА, 06.08.2010
Москва, 6 август 2010 (МИА) – Во сибирскиот Забајкалски крај денеска се урна авион Су-25 УБ на руското воено воздухопловство, пренесоа руските медиуми. -Екипажот успешно се катапултирал од авионот, а состојбата на пилотите е задоволувачка, соопшти потполковник Владимир Дрик, портпарол на руските Военовоздушни сили.
Машината се урнала за време на рутински лет. Нема жртви и разурнувања на земјата. Хеликоптер ги открил авионот и екипажот, а на местото на несреќата е испратена спасувачка екипа. -Специјална комисија на Министерството за одбрана и Главниот штаб на ВВС го истражува инцидентот, додаде портпаролот Дрик.
Според Забајкалскиот центар за опслужување на воздушните движења, авионот експлодирал на височина од околу 300 метри и паднал во близина на населено место, на неколку стотини метро од станбени згради. Су-25 УБ е школско-борбен авион од 80-те години на минатиот век. Досега се произведени околу 300 вакви машини, дополнуваат медиумите во Русија. сд/9:02
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк