„Скајвингс“ ќе лета со нов авион
Утрински весник, 07.08.2010
Авионот од типот „боинг 737-300“ е втор авион на компанијата Домашниот авиопревозник „Ерлифт – Скајвингс“ од средата стана сопственик на уште еден авион од типот „боинг 737-300“. Ова е втор авион на компанијата што постои повеќе од една година. Авионот ќе биде брендиран во текот на следната недела, а како што информираа од „Ерлифт“, освен името на авиокомпанијата и нивното лого, ќе биде ставено и логото на фудбалскиот клуб „Работнички“, чиј официјален спонзор е „Скајвингс“.
Новиот авион ќе се движи на веќе постојните релации, а не е исклучена можноста од септември да лета и на две нови дестинации, Штутгарт и Копенхаген. На вчерашната прес-конференција, директорот на „Ерлифт“, Ајан Џафероски, најави дека планираат во декември да ја збогатат флотата и со трет авион од понова генерација „737-700“. Џафероски појасни дека „Скајвингс“ е редовен авиопревозник, а не национален, како што беше објавено од нивна страна при добивањето дозвола за редовен авиопревозник од Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Освен од АЦВ, „Скајвингс“ има дозвола за редовен авиопревозник од државите кон кои и од кои остварува летови. На прашањето дали ќе работат на избегнување на проблемите со доцнењето и со дефектите на авионите, како што неодамна се случи со еден авион на „Скајвингс“ на летот од Виена, Џафероски истакна дека вакви дефекти се секојдневје во авионскиот сообраќај. Посочи дека доцнењето не е толку голем проблем како безбедноста на авионите, што за нивната компанија е прв и основен приоритет. Тој истакна дека имаат одлична соработка со ТАВ, како нови сопственици.
За него и за „Скајвингс“ се позитивно одредени нови програми што ги вовеле од ТАВ, а кои во преден план ги ставаат потребите на патниците и на превозниците, а не потребите на компанијата-сопственик. Во однос на можноста за поевтини авиобилети, директорот на „Скајвингс“ објасни дека планираат да задржат пониска цена за летовите кон Виена, но оти високата цена на керозинот и на одредени такси, сепак, не е можно да има цени како во нискобуџетните компании. „Цената на керозинот во Македонија е се’ уште многу висока“, изјави Џафероски. (М.П.) #
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк