„Росавијација“: Чадот од пожарите не влијае на работата на московските аеродроми
МИА, 09.08.2010
Москва, 9 август 2010 (МИА) – Намалената видливост поради чадот од пожарите нема значително влијание врз работата на московските аеродроми, соопшти денеска руската Федерална агенција за воздушен транспорт „Росавијација“.
Според податоците на агенцијата во изминатото деноноќие од аеродромите во главниот град полетале повеќе од 100 илјади лица, што претставува дневен рекорд за оваа година. Во истиот период слетале 879, а полетале 845 авиони. Од „Росавијација“ овие бројки ги коментираат како потврда дека чадот не влијае врз работата на аеродромите.
Изутринава на „Домедово“ видливоста изнесувала 750 метри, поради што се откажани пет полетувања и се пренасочени осум слетувања. На „Внуково“ видливоста изнесувала 900 метри и се откажани три полетувања и шест слетувања. Додека, „Шереметиево“ каде видливоста изнесува 900 метри работи без никакви ограничувања. аа/ссм/11:23
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк