МИА, 10.08.2010

 

Лондон,7 август 2010 (МИА) – Британското воено воздухоловство (РАФ) ќе се намали во обем еднаков на нивото што авијацијата го имала во Првата светска војна, пишува „Дејли телеграф“, повикувајќи се на извори во Министерството за надворешни работи.

Намалувањето на обемот на воздухопловните сили е резултат на големото штедење во британската армија и на намалувањето на трошоците за сите родови од војската, пренесува дописникот на МИА од Лондон. Сето тоа ќе ги предизвика најзначајните промени во вооружените сили на земјата по Суецката војна во 1957 година, тврди весникот.

Со „темелното протресување“ се предвидува сите армиски родови да загубат 16.000 луѓе, стотици тенкови, воени авиони и добар дел од воената флота. Според лондонскиот вессник, РАФ треба да има помалку 7.000 луѓе во униформа, што претставува една шестина од вкупниот број во авијацијата, како и 295 авиони и разни други летала.

Со само 200 авиони британското воено воздухопловство ќе се намали до нивото што во 1914 година било планирано за воените потреби на тогашната британска армија. „Дејли телеграф“ открива дека во „пензија“ треба да одат и две подморници, три амфибии, како и стотина офицери и уште 2.0000 морнари и маринци. Уште поголемо ќе биде намалувањето во копнената војска каде се предвидува кратењето на трошоците да изнесува 40 отсто. Дури 9.700 најразлични оклопни возила треба да се прогласат за вишок, а од армиските редови да се отпуштат 5.000 луѓе. ти/13:47