МИА, 13.08.2010

 

Скопје, 12 август 2010 (МИА) – Владата на Република Македонија на денешната седница одлучи да и помогне на Руската Федерација и да и испрати два авиона за гасење пожар од Дирекцијата за заштита и спасување. Како што информира владиниот Сектор за односи со јавноста, ќе бидат испратени два ер-трактор авиони со комплетни екипажи и лица обучени за справување со огнените стихии. Подготовките за испраќање на помошта се во тек и наскоро двата авиона со четири пилоти, двајца инженери, еден техничар и дваесетте специјално обучени лица ќе заминат во Руската Федерација. Тие директно ќе се вклучат во операциите за гасење пожари на руската територија, заедно со меѓународните тимови кои работат на санирање на последиците од пожарите. сс/хс/ 16:59