Шест британски аеродроми се соочуваат со блокада поради штрајк на вработените во БАА
МИА, 13.08.2010
Лондон, 12 август 2010 (МИА) – Аеродромите „Хитроу“ и „Станстед“ во Лондон, како и аеродромите во Саутхемптон, Глазгов, Единбург и Абердин се соочуваат со блокада поради најавениот штрајк на помошниот персонал на британската компанија БАА која управува со овие шест аеродроми во Велика Британија, јави дописникот на МИА од Лондон.
Синдикалната унија Унита закажа за денеска гласање на членството за тоа дали треба да се организира штрајк на 19 август, а исходот на гласањето што првично беше најавен за пладневните часови е поместен за попледнето. Како главна причина за штрајкот на вработените во безбедносните и пожарникарските служби, како и помошниот персонал на аеродромите е посочен неуспехот на синдикатот и управата на БАА да се спогодат околу платите и условите за работа во следната година.
Премиерот Дејвид Камерон го осуди решението за штрајкување, инсистирајки дека тоа и наштетува на британската индустрија, на бизнисот, на угледот на земјата како туристичка дестинација, а им штети и на вработените. Повеќе стотици илјади британци и други патници ќе бидат погодени од штрајкот и блокирањето на аеродромите, доколку мнозинството од работниците, членови на синдикалната унија Унита се изјаснат за штрајкување. ти/аа/16:04
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк