Дневник, 14.08.2010

 

Македонија е подготвена да се справи со евентуални шумски пожари, смета првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу. Новите 15 противпожарни возила за урбана средина, 10 за шумска и пет капс-систем возила, како и трите нови авиони за гаснење пожар даваат оптимизам дека годинава подготвено ќе се влезе во битка со огнената стихија. Сепак, Салиу упати апел до граѓаните да не фрлаат догорчиња од цигари, да не се палат скари на недозволени места, а земјоделците да внимаваат нивните машини да не исфрлаат масло и нафта, кои можат да бидат голема опасност за предизвикување пожар.„Годинава во Македонија се регистрирани 72 шумски пожара на ниско стеблеста шума, пасишта и стрништа со мал интензитет, за кои немало потреба да реагираат нашите“, велат од Дирекцијата. (Х.Р.) #