МАТ Ервејс ќе понуди поевтини летови за 15%
А1, 16.08.2010
Поевтини и редовни чартер летови најавува новоформираната авиокомпанија МАТ Ервејс. Од 15 септември компанијата од Скопје ќе лета за Швајцарија, Италија, Германија и други земји, а цените, според раководството, ќе бидат за 10 до 15% пониски од актуелните. Освен овие дестинации, во соработка со Контики Скај, ќе се воведат и чартер линии до Прага, Барселона и други европски градови. Компанијата има амбиции да стане лидер во авиобизнисот во земјава. – Нашиот план е да бидеме најдобри во авиобизнисот, полека, но сигурно да стигнеме до врвот. Приоритет ни се сигурноста, безбедноста и квалитетот, клучни за стекнување доверба кај патниците, вели претседателот на компанијата Зоран Милески. Викендов МАТ Ервејс го направил и првиот лет од Белград за Охрид и оваа дестинација ќе ја одржува се додека има интерес од патниците. Менаџментот повторно го актуелизира прашањето на национален авиопревозник, околу кое се поделени мислењата. – Во Македонија е потребен национален авиопревозник и време е да се заземе тој пазар. Планираме да се прошириме и на косовскиот пазар, но во наредните три до пет години ние сакаме да се покажеме како чартер авиокомпанија бидејќи пазарот е голем и има потенцијал, рече ПР менаџерот на авиокомпанијата Данијела Пусара. Владата, како и некои од фирмите од авиобизнисот сметаат дека ова е застарен концепт од кои државите во регионот се ослободуваат преку приватизација на државните авиокомпании. Од друга страна, конецсионерот на аеродромите ТАВ смета дека оснивањето на национален авиопревозник е клучен за развој на пазарот. МАТ Ервејс е во сопственост на српската Метрополитен Инвестмент Груп, чија компанија е и туроператорот Контики. Во Македонија го презеде брендот, кадрите и авионот на Македонски авиотранспорт. Најавува проширување на флотата со уште еден авион. Филип Момировски Повеќе информации во врска со опциите за форматирање
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк